сабота, 18. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Општина Битола подготвува времен премин на западниот влез во градот

Општина Битола подготвува времен премин на западниот влез во градот

Општина Битола почна со работните активности за асфалтирање на девијацијата која ќе се користи како времен премин, кој ќе биде во функција додека трае изградбата на мостот на реката Драгор на улица Довлеџик.

Перминот ќе овозможи непречено одвивање на сообраќајот на патниот правец Битола – Ресен и околните села во периодот на доизградба на новиот мост на реката Драгор. Девијацијата, како времен премин опфаќа сообраќајница и армирано бетонски пропуст со ширина од 7 метри коловоз и две банкини со ширина од еден метар. Инвестицијата на Општина Битола за реализација на овој проект е над 7 милиони денари, посочуваат од тамошната локална самоуправа.

Новиот мост што ќе биде изграден на реката Драгор според проектната документација ќе биде во должина од 30 метри и ширина 21 метар, со четири коловозни ленти и по две пешачки и велосипедски патеки.

Средствата за изградба на новиот мост во висина од над 50 милиони денари се обезбедени.