Општина Брвеница е рангираната на прво место за активна транспарентност во Полошкиот регион во истражувањето што секоја година го прави Центарот за граѓански комуникации околу тоа колку институциите самите ги објавуваат информациите од јавен карактер без притоа некој да има доставено до нив барање за пристап до нив. Во рангирањето се вклучени 98 институции, односно Владата и сите министерства и општини.
Општина Брвеница има резултат од 92,8 % за активна транспарентност, а според Центарот годинава добиле нови 10 проценти поени.
-И оваа година напреднавме во делот на јавното информирање а нашата цел е секоја информација без исклучок да стигне до секој граѓанин навремено и точна, изјави градоначалникот на Општина Брвеница, Јовица Илиевски.
На табелата за Полошки регион Општина Тетово со 80% е на второ место, додека Теарце со 79,7% на трета позиција.
Според Центарот за граѓански комуникации просечната активна транспарентност на министерствата, на Владата и на општините за 2023 година изнесува 76 % (од максимално можни 100 %) и во однос на лани е подобрена само за 3 процентни поени (од 73 % на 76 %).