среда, 15. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Општина Гостивар со јавна благодарност до сите кои испратија телеграми по повод трагичната автобуска несреќа кај Ласкарци

Општина Гостивар со јавна благодарност до сите кои испратија телеграми по повод трагичната автобуска несреќа кај Ласкарци

На адреса на Општина Гостивар, деновиве пристигнаа голем број телеграми со сочувство за жртвите и желби за брзо закрепнување на повредените од трагичната автобуска несреќа во близина на селото Ласкарци.

По тој повод, Општина Гостивар и градоначалникот Арбен Таравари, на сите нив јавно им се заблагодаруваат.

Воедно, би сакале да им изразиме благодарност на жителите на село Ласкарци, кои први им помагаа на повредените, на медицинскиот персонал и на сите оние кои на било кој начин помогнаа во оваа трагедија да нема уште повеќе жртви.

Ваквите случаи никогаш да не ни се повторат!