сабота, 11. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Општина Ресен ќе врши надомест за претрпена материјална штета од временска непогода

Општина Ресен ќе врши надомест за претрпена материјална штета од временска непогода

Општина Ресен објави јавен повик за пријавување штети на земјоделските насади од природна непогода, врнежи од град на територијата на Општина Ресен.

Од Општина Ресен информираа дека граѓаните кои претрпеа штети од невремето што се случи во текот на вчерашниот ден, тоа треба да го направат со пријавување во локалната самоуправа, да информираат за видот на претрпената штета и достават соодветна документација врзана за земјиштето каде е предизвикана материјалната штета.

Пријавувањето и поднесувањето на документацијата ќе се врши до 7 септември.

Како што извести МИА, во текот на вчерашниот ден, силно невреме ја зафати Преспа со град и грмотевици кои предизвикаа прекин на снабдувањето со електрична енергија на градот Ресен, Отешево и други населени места во Преспа.