Општина Струга апелира до граѓаните совесно да се однесуваат во шумите за нивно зачувување од пожари. Според апелот, покрај максимално внимание за зачувување на шумите, природата и животната средина, граѓаните, институциите, општинските претпријатија, шумското стопанство и полицијата, преку координирани акции да спречат пожари, а доколку настанат да се мобилизираат во нивното гасење.
– Во време кога земјава се соочува со високи температури, за жал, се појавува вознемирувачка појава која ги загрозува животите на луѓето, предизвикува економски последици и штети врз животната средина. Шумите сочинуваат голем дел од територијата на Општина Струга и се вреден општински и национален ресурс. Шумските пожари, покрај дрвената маса, ја загрозуваат и дивата флора и фауна, бидејќи шумите се нивно живеалиште, стои во апелот на Општина Струга.
Општината бара шумските чувари активно да ја следат состојбата за откривање на сторителите и давање информации до органите на прогонот за лицата, кои предизвикуваат пожари.
Доколку забележат граѓаните пожар да ги известат надлежните во најбрзо време на броевите 112 или 193.