среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Општина Вечани работи на сертификација на зелени бизниси

Општина Вечани работи на сертификација на зелени бизниси

Претставници на Општина Вевчани, Мед, Фармахем, Mustseedonia и бизнис секторот денеска имаа работилница за сертификација на зелени бизниси.

Активноста, во која во фаза на оценување се неколку бизниси за сертификација, е дел од процесот Green Destinations, во кој Вевчани минатата година влезе во 100-те успешни приказни за зелена дестинација.

За нашата општина, како една од најпосетуваните туристички дестинации во Македонија, добивањето на вакво признание е од големо значење. Ни дава голема мотивација да работиме кон подобрување на критериумите за зелена дестинација, кон поголем развој и поголеми туристички придобивки, поголема вклученост на локалното население и локалните бизниси, како и поголем економски развој на општината, истакна градоначалникот Спасе Кочовски.

Со изборот за Green Destinations, додаде, се препознаваат природните убавини на Вевчани, кое е заштитено подрачје, се поттикнува развојот на одржливиот туризам и поголема вклученост на бизнис секторот, кој е директно поврзан со туризмот во оваа дестинација.

Придобивките од овој процес, нагласи Кочовски, ќе ги чувстувува целата општина, а дестинацијата ќе биде едно препознатливо искуство за сите посетители.