петок, 1. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Општина Велес избрка на улица 20 лица: Градот остана со малку вработени пожарникари, граѓаните загрижени за својата безбедност

Општина Велес избрка на улица 20 лица: Градот остана со малку вработени пожарникари, граѓаните загрижени за својата безбедност

Во текот на вчерашниот ден, општина Велес отпушти од работа 20 вработени во општинската администрација и во противпожарната единица на територија на општина Велес.

Вчера без работа останаа 8 пожарникари во противпожарната единица во Велес. Сега таму  останаа на работа само 15-тина пожарникари, кои треба да работат 3 смени, 7 дена во неделата.

Според закон за пожарникарство, бројот на вработени во против пожарнита единица треба да биде околу 40-тина активно вработени пожарникари на територија на општина Велес и општините кои ги покрива оваа единица. Согласно законот за пожарникарство член 6, на секои 1500 жители треба да има вработено најмалку по еден професионален пожарникар.

Дали е загрозена безбедноста на велешани?- е прашањето кое денес на социјалните мрежи го поставуваат велешани и избрканите пожарникари! Кој ќе сноси одговорност доколку се случи некоја поголема несреќа, а нема доволен број на вработени пожарникари?

 

Исто така во текот на вчерашниот ден на улица се избркани и 12 вработени во општината, архитект, портпарол, преведувач и градежни техничари кои биле со над 10 годишно работно искуство. Тие ги работеле предметите за легализација на велешани. Според нашите информации, во општина Велес чекаат над 4000 предмети за легализација кои треба да бидат завршени наредниов период. Оние со најголемо искуство да го спроведат тоа, останаа на улица.