петок, 24. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Општина Велес објави повик за млади за обучувачи за регионалниот проект „Млади за инклузија,еднаквост и доверба“

Општина Велес објави повик за млади за обучувачи за регионалниот проект „Млади за инклузија,еднаквост и доверба“

Општина Велес во соработка со Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА) отпочнува со реализација на проектни активности што се дел од регионалниот проект „Млади за инклузија, еднаквост и доверба“.

Во рамки на овој проект, ќе биде реализирана обука за обучувачи, организирана од страна на партнерот на проектот „Младински образовен форум – МОФ“. Обуката ќе се реализира во периодот од 12 до 15 мај 2023 година, за што е отворен Јавен повик за пријавување на млади лица од 18 до 29 години од општините во кои се реализираат проектните активности: Велес, Битола, Струга, Охрид и Гостивар (по четири млади лица од секоја општина).

Од Општина Велес информираат дека повикот за пријавување е отворен до среда 3 мај 2023 година. Појаснуваат дека на четиридневната обука, учесниците ќе се стекнат со знаења и вештини на теми поврзани со поттикнување конструктивни наративи, соработка, меѓукултурен дијалог, меѓусебно разбирање и доверба. Обуката ќе се реализира по Y-PEER методологија (врсници обучуваат врсници), со Прирачник за обучувачи. Работниот јазик на Обуката за обучувачи е македонски.

Додаваат дека по завршување на обуката учесниците користејќи ги новостекнатите знаења и вештини, ќе продолжат да работат со млади во нивната локална заедница со цел споделување на знаењата и вештините преку реализирање на локални работилници за млади во петте партнер-општини на проектот: Велес, Битола, Струга, Охрид и Гостивар.