среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Општина Велес превзема санкции против граѓани кои узурпирале државно земјиште

Општина Велес превзема санкции против граѓани кои узурпирале државно земјиште

На барање на граѓаните од велешката населба „ Керамидна“ заедно со градежните инспектори вчера на увид бил градоначалникот Марко Колев, а со цел за утврдување на ситуацијата на терен, каде што несовесни сограѓани незаконски узурпираат државно земјиште, информира денеска градоначалникот Колев.

Тој појаснува дека за двајца од нив е покрената постапка, а најави дека истото следува и за сите останати. Воедно додава дека по вчерашниот увид на терен денеска општинските службите постапиле кон отстранување на поставените обележја и објекти.

Воедно најави дека оваа акција на општинските служби кон санкција на граѓаните кои незаконски узурпираат државно земјиште за израдба на куќи и други објекти, ќе продолжи и во наредните денови.

-Законско делување – приоритет во работењето на општината, потенцира градоначалникот Колев.

Од друга страна голем дел на велешани остро реагираат до локалната власт да превземе санкции и за граѓаните кои со години наназад а и сеуште узурпираат државно земјиште по долното течение на реката Бабуна, на 7-8 километри од градот,простор кој е од заштитен со законот.

Граѓаните се револтирани што некои несовесни граѓани со години наназад и сеуште си узупираат државно земјиште веднаш покрај реката Бабуна,а општинската власт и поранешна и сегашнатаништо не превземала сето тоа да го стопира,а и овие узурпаторите да ги казни согласно законот.

Граѓаните на Велес и сите љубители на природата реагираат бидејќи во овој случај општината со години замижува,а со што на очиглед на целокупната јавност некои граѓани и понатаму продолжуваат со бесправните градби –куќи и други објекти покрај реката Бабуна.

Бабуна порано посебно во лето за капење беше едно од најомилените рекреативни цетри на велешани,а изобилува со бројни природни реткости и убавини, меѓу кои и клисурата Пешти.

Над клусурата Пешти се наоѓаат 100 – тина поголеми и помали пештери.Клисурата Пешти е прогласена за карактеристичен природен пејсаж со големи потенцијали за развој на рекреативниот туризам,а пред некоја година и општинската власт го асфалтира локалниот пат до Пешти се со цел за равој на туризмот,Но засега од оваа иницијатива нема ништо бидејќи посетителите оние ретките последниве години скоро и да немаат слободен пристап до реката Бабуна.