По отстранувањето на знамињата од големите јарболи низ Македонија, и префарбувањето на обележја на македонското знаме во некои од општините, денеска, општина Струга сруши спомен чешма на НОБ, по примерот на градот Скопје кој отстрани споменик на Македонски револуционер, пишува порталот Инфомакс.мк.
„Дојде живот и во Струга“ – вака коментираат граѓаните на фотографиите од рушењето на спомен чешма на НОБ во нивната општина, за која не знаат на кого му сметала и која е причината поради која е срушена.
Според информациите на Инфомакс, чешмата била срушена по одлука на локалната власт, но детали не се познати поради недостапноста на службите да одговорат на нашите прашања.