Во општините Ресен и Демир Хисар утрово се отворени гласачките места и изборите се во тек.
Претседателот на ОИК Ресен Кирил Танески изјави дека во седум часот се отворени сите 50 избирачки места, на кои денеска може да гласаат 16.580 избирачи со право на глас.
-Во Општина Ресен вчера гласаа 109 гласачи, додека на првиот ден од изборниот процес гласаа 59 лица заразени од Ковид-19, рече Танески.
Непречено почна изборниот процес и во Демир Хисар, потврди претседателот на тамошната ОИК Митко Јанкуловски.
-Во Општина Демир Хисар право на гласа имаат 7.041 полнолетни гласачи и тие денес може да гласаат на 36 избирачки места, истакна Јанкуловски.