недела, 26. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Отворени се сите избирачки места во шест општини од Југоистокот

Отворени се сите избирачки места во шест општини од Југоистокот

Сите избирачки места во општините Струмица, Радовиш, Василево, Босилово, Ново Село и Конче се отворени во 07:00 часот и гласањето се одвива без никакви проблеми согласно здравствените протоколи, информираат од општинските изборни комисии.

Право на глас во овие шест општини имаат 110.291 граѓани на 198 избирачки места.

Во овие општини граѓаните избираат пратеници од кандидатските листи поднесени во четвртата изборна единица, каде довербата од граѓаните ја бараат 12 партии и коалиции.