сабота, 16. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Папазов: Градинка во Тркање, посебни фондови за ранливите категории

Папазов: Градинка во Тркање, посебни фондови за ранливите категории

Во однос со детската и социјалната заштита, ние ќе се заложиме и за отварање на објект од детската градинка Павлина Велјанова во С. ТРКАЊЕ и заеднички објект во с.Подлог, ова преку изјава за медиумите го истакна кандидатот за градоначалник на Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Љупчо Папазов.

-Со изградба на нови простории до Основното училиште во с.Тркање, ќе отвориме објект на детската градинка „Павлина Велјанова“ за згрижување на децата од Тркање. Местоположбата на овие три села е добра основа за отворање на заеднички објект на детската градинка „Павлина Велјанова“ за згрижување на децата од овие села. ОБЕЗБЕДУВАЊЕ НА ПОСЕБНИ ФОНДОВИ ЗА ПОДДРШКА НА РАНЛИВИТЕ КАТЕГОРИИ НА ГРАЃАНИТЕ е исто така еден од нашите од нашите приоритети, а во исто време ќе се погрижиме за отворање и функционирање на Дневен центар за деца со аутизам. Реализацијата на проектот за изградба на старечки дом и воспоставување на мобилни сервис-служби за помош на стари и изнемоштени лица ќе овозможи да ја подигнеме грижата на повисоко ниво за нашите највозрасни сограѓани. Ние сме во служба на граѓаните и ќе работиме за посигурна иднина за сите, вели Папазов.