четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Папазов: Ќе изградиме целосна инфраструктура за водоснабдување и одводнување на Пониква, со комплетна документација за изградба на хотели

Папазов: Ќе изградиме целосна инфраструктура за водоснабдување и одводнување на Пониква, со комплетна документација за изградба на хотели

Пониква е гордоста на Кочани, на истата ќе изградиме целосна инфраструктура за водоснабдување и одведување на отпадните води. Ќе подготвиме урбанистичка документација за изградба на нови хотелски комплекси, ова денеска преку изјава за медиумите го истакна кандидатот за градоначалник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ за Кочани, Љупчо Папазов.

-Опремата која ја оставивме а сега е во очајна состојба, ќе ја подигнеме и ќе ја ставиме во функција на посетителите на Пониква. Ќе изградиме нов ски-лифт и нова ски-патека. Ќе ги асфалтираме сите пристапни патишта до викенд куќите, вели Папазов.