сабота, 24. февруари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Папазов: Кочани заслужува модерен и одржлив развој, вреднување на знаењата и способностите на секој поединец, стабилни услови за извесна иднина

Папазов: Кочани заслужува модерен и одржлив развој, вреднување на знаењата и способностите на секој поединец, стабилни услови за извесна иднина

Се собравме во еден тим да заеднички понудиме нови идеи, проекти и квалитетни решенија за нашата општина. Кочани заслужува модерен и одржлив развој, вреднување на знаењата и способностите на секој поединец, стабилни услови за извесна иднина…, истакна Љупчо Папазов, кандидат за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата на општина Кочани.

-Рационалното располагањето со парите на граѓаните бара чесен пристап од докажани професионалци. Затоа, одговорно се посветуваме на решавање на потребите и проблемите на граѓаните од следниве општествени области:
• Комунални работи, инфраструктура и сообраќај
• Зачувување на животната средина и урбанизам
• Локален економски развој и туризам
• Младите и образованието
• Безбедноста и противпожарна заштита
• Социјалната заштита
• НВО и меѓународна соработка
Нашата програма и проекти во престојниот период ќе ги споделуваме секојдневно, со што би ги запознале граѓаните со енергијата и креативноста на нашиот тим кои се ставени целосно во функција на исполнување на реално остварливи проекти за создавање нова перспективна иднина за Кочани, вели Папазов.