сабота, 23. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Папазов: Потребен е развој на Кочани преку донесување на нови ДУП-ови и отворање на нови индустриски зони

Папазов: Потребен е развој на Кочани преку донесување на нови ДУП-ови и отворање на нови индустриски зони

-Во делот на урбанизацијата сакам да потенцирам дека овој момент претставува столбот и генераторот на економскиот развој на секоја општина. Изработката на ГУП во 2015-та година е донесен во времето кога со општина Кочани управуваше опцијата на ВМРО-ДПМНЕ и овозможи да се влезе во процес на донесување на ДУП-ови за повеќе градски четврти. И тоа предизвика активирање на делот од градежништвото, можност за напредување на урбаните решенија во градот и околните места. И сметам дека таму треба да го посветиме и своето внимание со преземањето на локалната власт по 17-ти октомври, заклучи Љупчо Папазов, кандидат за градоначалник на општина Кочани во гостување во емисијата „Студио 10“ на 24 телевизија.

Папазов додаде дека во моментот одделението за урбанизам во Општина Кочани е во очајна состојба. Недостасуваат четири високи професионалци кои би дале силен придонес во креирањето на урбанистичката политика во општина Кочани.

-Ние ќе се потрудиме со влегувањето во локалната власт да го смениме тоа, и да бидеме спремни за донесување на нови ДУП-ови, нудење на нови проекции како во делот на развивање на нови можности за отворање на нови индустриски зони, во делот на старата фабрика за хартија која веќе е разработена во постоечкиот ДУП со тоа што треба да се прошири и унапреди. И развој на нов ДУП за формирање на нова индустриска зона на десниот магистрален канал за наводнување. Тоа се капацитети и можности кои што ќе донесат нов поттик и нов развој за градот Кочани, истакна Папазов.

Папазов посочи дека на 17-ти октомври граѓаните ќе излезат и ќе гласаат за нова иднина и развој на Кочани.