Денеска КЈП „Водовод“ – Кочани ја расчисти дивата депонија на локацијата „Кај антената“ во Трајаново Трло, откако ден претходно инспекциските служби од Општина Кочани со поддршка од полицијата излегоа на терен со увид и опомени кон населението. Воспоставена е и дежурна екипа со инспекциски служби коишто ќе бидат на терен и по работното време, се со цел да се спречат и санкционираат сите кои ја загадуваат животната средина во општината, напиша на Фејсбук градоначалникот на општина Кочани, Љупчо Папазов