Пред стартот на учебната година заедно со ООУ „Страшо Пинџур“ обезбедуваме бесплатно ранче со училишен прибор за секое прваче, објави на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Карбинци Виктор Паунов.
За прв пат во ООУ „Страшо Пинџур“ обезбедуваме и бесплатни училишни униформи за учениците од прво до петто одделение.
Општина Карбинци се залага и за помош на родителите на првоодделенчињата, средношколците и студентите од Карбинци, каде помагаме со парична помош од 3000 ден, пишува Паунов во својата објава.