среда, 1. мај 2024. Вести денес: 0
home Општини

Пецаков ги демантираше лажните вести: Градоначалникот на Охрид не е позитивен на корона

Пецаков ги демантираше лажните вести: Градоначалникот на Охрид не е позитивен на корона

Градоначалникот Кирил Пецаков ги демантираше пишувањата дека е позитивен на Ковид-19. Оваа реакција следи откако неколку медиуми објавија дека Пецаков бил позитивен на коронавирусот.

“По шо гледам дека се шири брзо, интересна тема како и да е …Се тестирав, не заради симптоми туку заради патување во странство и најбитно и до ден денес никакви симптоми. Немат полошо ко ќе се составуваат текстови по охридски кафани, без да се јавите и да прашате. Добра ноќ”, напиша Пецаков на Фејсбук и притоа приложи и фотографија од тестот.

Демант вечерва пристигна и од секретарот на Општина Охрид Александар Китески.