Младите се иднината и клучот за напредокот на градот, истакна актуелниот пратеник и од неодамна кандидат за градоначалник за Општина Охрид од ВМРО-ДПМНЕ, Кирил Пецаков на денешната промоција на Локалната стратегија за млади.
-Нашата цел ќе биде насочена кон намалувањето на младинската невработеност и што повеќе да бидат вклучени на пазарот на трудот. Младите мора да ја гледаат својата иднина во Охрид, а за таа цел треба да биде донесена долгорочна стратегија за млади.Потребна е инклузија на сите млади и нивна вклученост во креирањето на младинските политики. За локалните проблеми потребни се локални решенија. Политиката којашто треба да се води е локалните проекти во голем дел да бидат насочени кон подобрување на животот на младите на локално ниво – истакна Пецаков.
Проектот го имплементира Тијана Тесалоника Шишкоска, со поддршка на НМСМ во соработка со ИФЕС и Швајцарската агенција за развој и соработка. Студијата, како што информира носителот на проектот, била доставена до невладиниот сектор, подмладоците на политичките партии и претставници во советот.