вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Пеев : Ќе ја уредиме градската депонија и ќе ги исчистиме дивите депонии, Богданци ќе добие нови зелени површини

Пеев : Ќе ја уредиме градската депонија и ќе ги исчистиме дивите депонии, Богданци ќе добие нови зелени површини

Програмата е фокусирана пред сè на поддршка на политиките за: урбанизација, развој на локалната економија, подобрување на локална инфраструктура во повеќе области, намалување на социјалната исклученост, младинска вклученост, заштита на животната средина, искористување на компаративните предности на општината и промовирање на одржливиот локален развој, истакна кандидатот за градоначалник на Општина Богданци, Марјан Пеев на вечерашниот митинг.

Тој посочи дека се опфатени околу 100 проекти во сите битни сектори и тоа:

Во областа на ЛЕР предвидуваме инфраструктура во индустриски зони (Барта и Горни Чаир), нов мост на река Луда Мара на потегот Богданци-Индустриска зона Барта – Стојаково, мерки и проекти за Енергетска ефикасност во јавни објекти, битни стратешки документи и мерки за дигитализација на услуги кон граѓаните, истакна Пеев.

Тој кажа дека проекти од областа на Урбанизмот се: урбанистички планови за Богданци и урбанистички планови за села, замена на улично осветлување, воведување на режим на сообраќај со двонасочни улици на цела територија на Богданци со отворање на дополнителни паркинг места.

Најважни проекти во функција на заштита на животната средина во следниот четиригодишен период, ќе бидат: Уредувањето на градска депонија во Богданци, Уредувањето на дива депонија во Стојаково, Зелено Богданци со засадување на 10.000 нови садници дрва, потенцираше Пеев.

Тој додаде дека во делот за комунални работи има предвидено: Замена на азбестните цевки во мрежата за водоснабдување во Богданци која ќе се одвива постепено и во фази, Реконструкција и доизградба на канализациони мрежи во населените места во општина Богданци, Реконструкција на дел од колекторски систем за отпадни води во општина Богданци.

Во транспорт и патна инфраструктура планирано е во соработка со повисоко ниво на власт да ја завршиме Реконструкцијата и проширување на регионален пат R – 1109 делница Богданци-Гевгелија, реконструкција на локален пат врска Р1109 со Ѓавато (во две фази), реконструкција на локални улици, улички и сокаци во сите населени места, истакна Пеев.

Во образованието ќе понудиме: Унапредување на основни инфраструктурни и техничко-технолошки капацитети на основните и средното училиште од Богданци како и реконструкциски зафати во дел од објектите.

Главни цели на социјалната заштита и превенција ќе ни бидат: Изработка на Локален план за социјална заштита, реконструкција на кров на детската градинка во Стојаково, рече Пеев.

Тој исто така додаде дека во земјоделието од покрупните капитални проекти ги издвојува: Проектирање и изградба на нов полски мост на река Луда Мара (кај поранешна плинара), Санација на полски патишта, дореализацијата на фаза II од проектот наводнување на јужно вардарска долина.

Останати значајни проекти за споменување се: Обнова и изградба на детски и спортски игралишта во Стојаково, Ѓавото и Селемли, изградба на патна инфраструктура во туристичка зона Паљурци, реконструкција на пешачка и велосипетска патека Богданци. Чести јавори II фаза, реконструкциски зафати и опремување во домовите на култура, кажа Пеев.