четврток, 16. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Почна евиденција на штетите од поплавите во населените места во Општина Јегуновце

Почна евиденција на штетите од поплавите во населените места во Општина Јегуновце

По поплавите во саботата, Општина Јегуновце, формираше комисија за ги утврди штетите по што ќе ги достави податоците до Второстепена владина комисија, информираше денес градоначалникот Димитар Костадиноски.

Трочлената општинска комисија ќе ги посети поплавените подрачја во Раотинце, Копанце, Туденце и Јегуновце па ќе ја извести владината Комисија за проценка и утврдување на штетата од елементарни непогоди

-Како локална самоуправа согласно нашите надлежности формиравме комисија и излеговме на терен да направиме записници за проценка на штета и изготвување на пријави кои ќе се пополнат од оштетените и потоа ќе се сработаат. Ќе се препратат до второстепена владина комисија за проценка на штети. Општина Јегуновце согласно законите и надлежностите што ги има формираше општинска комисија и почна со посета на секое домаќинство кое беше зафатено од поплавите, соопшти денес градоначалникот Димитар Костадиноски.

Според првичните проценки од Општина Јегуновце речиси 90 отсто од земјоделските површини во Раотинце се поплавени, а висок процент има и во Копанце, Туденце и Јегуновце.

Високото ниво на реката Вардар беше причина во саботата од 18 часот да почне излевањето и до вечерта да се поплават дворовите на куќите, земјоделските површини и патишта во Општина Јегуновце.