недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Почна гласањето во Гостиварско

Почна гласањето во Гостиварско

Вториот круг од седмите локални избори во две гостиварски општини започна на сите избирачки места.

-Во општина Гостивар денес се изјаснуваат 81.083 избирачи на 121 избирачко место. Во текот на вчерашниот ден гласаа три лица кои се во домашен притвор и 123 немоќни и болни, информираа од ОИК Гостивар.

-Во општина Врапчиште на 39 избирачки места, правото на глас денес можат да го искористат 26.383 граѓани. Вчера гласаа 44 лица кои претходно се пријавија во ОИК, информираше претседателот на комисијата Бесник Амети.

Денеска нема гласање за градоначалник во Маврово-Ростуше бидејќи не беше исполнет законскиот цензус на гласање во првиот круг од изборите да излезат најмалку една третина од запишаните гласачи во Избирачкиот список. Членови на Советот се избрани бидејќи за нив не е потребен цензус, а нови избори за градоначалник ќе се организраат откако ДИК ќе ја извести Владата.