Со настапот на „Кантон 6“ и „Летечки пекинезери“ во прилепкиот центар за култура „Марко Цепенков“ синоќа е отворен 10., јубилеен, Џез-викенд фестивал. На малата сцена од салата во Центарот за култура, иако без публика, преку онлајн видео „стриминг“, поради КОВИД-протоколите, џез-фестивалот продоложува.
Според Снежана Ристеска од здружението „ПП џез-фестивал-Прилеп“ кое е организатор, програмата е богата, со главно домашни џез-музичари поради ситуацијата, но има и гостин од Америка.
-Џез-фвикенд фестивалот нуди интересна програма, тргнувајќи од мисијата што ја има – поддршка на македонската џез-сцена и во комбинација со протоколите за Ковид-19, немаме многу гости од страна. Инаку, изминатите 9 години прилепскиот џез-викенд беше домажин на многу домашни, балкански, па и европски џез музичари и е позициониран на мапата на значајни музички манифестации, не само во земјава, туку и пошироко во Регионот. Сите кои гостувале оставиле белег во креирањето на фестивалската историја и за креирањето на џез-публиката. Фестивалот го отвори „Кантон 6“, проект на театарскиот режисер Синиша Евтимов. заедно со композиторот, музиџарот и ди-џејот Венко Попов, а во последниот албум се приклучува извонредниот џез-компонист Дробицки. Првата вечер се затвори со звуците на 30-40-тите години на минатиот век со „Летечки пекинезери“. Вечер на Фестивалот ќе настапат „Такси конзилиум“ и Тони Китаноски и „Панда 5“. Со нив ќе биде и гостинот од Америка Четмен Калат, познат џез-музичар,конкретно, од Чикаго. Третата фестивалска вечер е за врвни македонски џез музичари. А на 29-ти фестивалот нуди оф-програма. На археолошкиот локалитет Врбјанска чука перформанс ќе има „Љубојна“, вели Ристеска.
Според Иво Солдатовиќ од „Летечки пекинезери“ и Мирко Попов од бендот „Каунт 6“, за музичарите ова е тешко време, некои се обидуваат да отворат новини, но на сите им недостасува публиката со надеж дека наскоро ќе се врати.
-Ова време е тешко за нас музичарите. Историски гледано, кризите будат некоја креативност кај музичарите, создаваат на хартија, но оваа криза не делува така. Кај мене е така. Кога немам каде да го претставам тоа што го создавам, многу е тажно. Донекаде интернетот нуди нешто, но не е исто кога се слуша во живо, кога пред вас е публиката. Тоа ни недостасува и се надевам дека ќе се вратиме во „нормалното“, вели Солдатовиќ.
Попов. објаснува дека џезерите ја делат судбината на сите музичари и луѓето од културата.
-Оваа ситуација е тешка. Се надевам дека сите побрзо ќе се вакцинираат да се вратиме во она, нормалното. Но ова време не натера и да се преиспитаме. Се свртивме кон нешто ново, некој вид „електронска музика“. Ова што сега го претставуваме е нешто ново. Инаку, фестивалите се многу битни, особено за нас, македонските музичари, да ја претставиме нашата работа, објаснува Попов.
Фестивалот завршува во недела со перформанс на отворено и настап на „Љубојна“ на архелошкиот локалитет „Врбјанска чука“.