среда, 8. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Поголем дел од Дебар утре 8 и пол часа без струја

Поголем дел од Дебар утре 8 и пол часа без струја

Во периодот од 7 до 15:30 часот без напојување со електрична енергија ќе биде поголем дел од градот Дебар.

Според Регионалниот центар на ЦУК без струја целосно ќе биде населбата „Венец-1″, како и поголемиот дел од потрошувачите во населбата „Венец-2″.

– Тоа поради реализација на зафати на Електродистрибуција во насока на реконструкција и модернизација на дистрибутивната мрежа во наведените локации. Оваа активност е со цел подобрување на квалитетот на снабдувањето со електрична енергија, наведуваат од РЦУК-Дебар.