Непознати сторители напишале погрдни графити на спомен плочата на поранешниот претседател на СФРЈ, Јосип Броз Тито на градскиот плоштад во Куманово.
На плочата нацртан е кукаст крст, а на плочникот пред одбележјето испишани се погрдни графити. Настанот се случил ноќта спроти 25 мај. Поддржувачите на Тито вчера го одбележаа овој ден.
Настанот го осуди и градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитреивски, преку социјалните мрежи и побара надлежните да го пронајдат сторителот и да го изведат пред лицето на правдата.
– Не е прв пат да се сквернават споменици од НОБ. Ваквите нечовечки акти нема да не поколебаат да ги негуваме придобивките на партизаните од НОБ и Јосип Броз Тито кои се бореа против најголемо зло на човештвото фашизмот и ни овозможија ние денеска да живееме во слободна и независна држава Република Македонија, напиша Димитриевски.
Освен, градоначалникот и граѓаните на Куманово го осудија ваквиот чин и бараат надлежните органи да го расветлтат овој случај.
Од МВР потврдија дека случајот е пријавен во кумановската полиција во 50 минути по полноќ и оттаму додадваат дека се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.
МИА