понеделник, 29. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Полицијата во Тетово со флаери ќе ги потсетува и едуцира возачите на правилно паркирање

Полицијата во Тетово со флаери ќе ги потсетува и едуцира возачите на правилно паркирање

Превентивно-едукативно информативен проект „Паркирај прописно-овозможи нормален сообраќај“ заеднички од денеска започнаа СВР Тетово, Општина Тетово и Републичкиот совет за безбедност во сообраќајот на патиштата.

Во рамки на овој нов проект, што ќе трае еден месец, предвидени се повеќе разновидни содржини чија цел е да се да воспостави поголем ред со паркирањето пред се во централните подрачја на Тетово преку подигнување на нивото на сообраќајна свест и култура на сопствениците на моторни возила односно возачите.

– Во рамки на проектот предвидени се повеќе содржини или поконкретно ќе бидат поделени 500 флаери наменски изработени на македонски и албански јазик со пораки до возачите како прописно да ги паркираат нивните возила и да не се соочат со законски предвидени санкции. Покрај ова во текот на проектот еднаш неделно ќе бидат организирани ткн. сообраќајни поуки со прекршители за кои ќе има и писмени предупредувања доколку станува збор за поситни прекршоци, информираше Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.

Во овој период ќе продолжат и ткн. репресивни мерки кои се преземаат континуирано во текот од минатиот, овој и нареднот месец,

– Ова дотолку повеќе што во Тетово и Гостивар е значително зголемен бројот на моторни возила, а со самото тоа и сообраќајната фреквенција во градските улици и на автопатот Гостивар-Тетово Скопје и магистралата Гостива Кичево. Посебни под лупа на полициските служебеници ќе се најдат сите оние кои ги паркираат возилата во ткн. двојни редови, во зона на крстосници, во зеленило и на други недозволени места, рече Јосифоски.

Тој повторно апелираше до сопствениците на моторни возила да ги паркираат прописно, а не каде ќе стигнат затоа што во спротивно ќе бидат санкционирани со изготвување соодветени поднесоци и со парични глоби кои во зависност од тоа кога каде и како се паркирани возилата изнесуваат од 45 до 180 евра во денарска противвредност.