среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Полжави ги уништуваат градинарските култури во село Русиново

Полжави ги уништуваат градинарските култури во село Русиново

Жителите на беровското село Русиново повеќе години имаат проблем со полжави, но годинава имаат големи штети на градинарските производи – компирот, доматот, празот, лукот и кромидот.

Жителите велат дека појавата константно е забележлива во последните четири години, но последните  две години станала алармантна.

За да го решат проблемот порано ставале кеси со сол, но полжавите брзо се размножувале. Бараат од надлежните институции да извршат инспекциски надзор и да се најде соодветно решение. (МИА)