Помор на поголема количина риби е забалежан вчера во водите на Брегалница во близина на Делчево.
МВР соопшти дека поморот на риби бил кај место викано „Долен мост“. Полициски службеници во содејство со инспектор од Министерство за шумарство, земјоделство и водостопанство и ветеринарен инспектор, излегле на терен, по што е извршена крим техничка обработка.
Од повеќе места долж течението на реката биле земени неколку килограми риби, кои ќе бидат доставени за вештачење на Институтот за сточарство при Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“.