Во Македонска Каменица во прекин снабдувањето со електрична енергија на неколку улици во градот. Од контакт центарот на ЕВН информираат дека се работи за дефект на 10 кило волтен далновод, поради што во прекин е снабдувањето со електрична енергија во одредени делови на Македонска Каменица.
Во моментот без електрична енергија се домаќинствата на улиците „Езерска“, дел од „Осоговска“, „Илинденска“ и улица „Македонска“, како и некои од останатите приградски и рурални средини во Македонска Каменица.
Екипи на ЕВН се на терен и работат на санација на дефектот по што очекуваат повторно нормализирање на снабдувањето со електрична енергија.