четврток, 30. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Поради градежни активности пренасочен сообраќајот на делница од магистралниот пат А3

Поради градежни активности пренасочен сообраќајот на делница од магистралниот пат А3

Поради градежни работи на експресниот пат Штип – Кочани, од денеска до 14 ноември ќе биде пренасочен сообраќајот на делница од магистралниот пат А3.

Автомотосојузот информира дека сообраќајот на магистралниот пат А3 ќе биде со пренасочен режим на делницата од Компостарата до Подлошката крстосница.

– Се повикуваат сите учесници во сообраќајот на зголемено внимание и на почитување на сообраќајната сигнализација за привремен режим, соопшти АМСМ. (МИА)