среда, 22. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Поради грешка на надлежните, матурантка од Охрид не може да се запише на факултет во Словенија: Ја немало на списокот за државна матура

Поради грешка на надлежните, матурантка од Охрид не може да се запише на факултет во Словенија: Ја немало на списокот за државна матура

Матурантката Тијана Силјаноска од Охрид денеска не можеше да полага државна матура. На списокот меѓу 200-те матуранти нејзиното име изостана, па беше вратена дома.

Таткото револтиран вели дека поради грешка од надлежните охриѓанката нема да може да се запише на посакуваниот факултет во Словенија.

За овој случај реагирале до сите надлежни инспекторати, од каде велат дека ученичката е обесправена.

На гимназијалката од Охрид и е ускратено и првото два пати да полага државна матура, таа ќе може само еднаш и тоа во август. Министерот за образование Шаќири најави дека ќе го испита случајот.

Прилогот на Сител, погледнете го во продолжение: