понеделник, 1. април 2024. Вести денес: 0
home Општини

Поранешна пратеничка на СДСМ сади компир, сончоглед и домат на земјиште на јавно претпријатие

Поранешна пратеничка на СДСМ сади компир, сончоглед и домат на земјиште на јавно претпријатие

Наместо со дрва и цвеќиња, како што е предвидено, има насади од зеленчуци.

На овие слики се гледаат насади од компири, грав, сончоглед, пипер и  домат во пластеник. Сопственици на ова земјиште е ЈПСШ „Голак“ Делчево.

Пластеникот е предвиден за одгледување на расад за потребите на претпријатието и општината (зимзелени дрвја,цвеќиња).

Според информациите до кои дојде КУРИР, една поранешна пратеничка на СДСМ (идентитетот познат на редакцијата), после престанокот на пратеничкиот мандат се врати на работа во ЈПСШ Делчево, па им наредила на вработените да ги засадат тие култури за нејзините лични потреби и да ги одгледуваат до готов производ.

Останува нејасно дали претпријатието ја сменило дејноста или сопартијката на Заев и Ковачевски ќе помага на сиромашните, па засадила дури и сончоглед со оглед на кризата околу маслото за јадење?

Или веќе ги потроши парите од патните трошоци и сега мора да преживува, но пак на државен имот со платена работна сила од државата?!