Денес остварив средба со здружението Храна за сите – Банка за храна МК и нивниот директор Душко Христов. На средбата се разговараше за активностите на здружението како и за нашата идна соработка, заедничките активности и проекти за доброто на граѓаните кои се окарактеризирани како социјални случаи со посебен осврт околу можноста за складирање на храна и лоцирање на најсиромашните семејства на кои оваа помош им е најпотребна.
Здружението Храна за сите – Банка за храна донираше 40 вакви пакети кои во најскоро време ќе им бидат дистрибуирани на семејства од Општина Новаци.
Средбата заврши со потпишување на меморандум за соработка помеѓу Општина Новаци и Здружението Храна за сите – Банка за храна со кој документ се определува начинот и реализацијата на активностите околу обезбедувањето на социјална помош и поддршка, храна, хигиенски и материјални средства на лицата со социјален ризик на територијата на Општина Новаци.