Земјоделците од кумановскиот регион можат да аплицираат на двата јавни огласи за давање под закуп државно земјоделско земјиште кое ги објави Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.
Земјоделците можат да аплицираат за закуп на земјоделско земјиште за површина до три хектари и на оглас за закуп над три хектари. За јавниот оглас број 04/18 за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини до три хектари во Куманово се нуди површина од 78 хектари. За јавниот оглас број 05/18 за давање под закуп на земјоделско земјиште во државна сопственост за површини над три хектари по пат на електронско јавно наддавање во Куманово се нуди површина во реоните на селата Тромеѓа и Младо Нагоричане.
– Апелирам до заинтересираните да ја посетат официјалната страна на Министерството и детално да се информираат за условите кој може да аплицира за огласот до три и за огласот над три хектари кој се реализира со јавно наддавање во електронска форма, изјави, раководителот на подрачната единица Насер Даути.
Површините до три хектари планирани се за производство на сточна храна. За огласот над три хектари понудите треба да се достават до 21 август, а за огласот до три хектари до 17 август годинава.
МИА