недела, 12. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Пробиен патот до село Герман во општина Ранковце

Пробиен патот до село Герман во општина Ранковце

По три дена без сообраќајна поврзаност, жителите на селото Герман во општина Ранковце од денеска можат непречено да функционираат. Екипите на Јавното претпријатие за одржување магистрални и регионални патни правци успеа да го пробие патот.

-Трет ден работевме со целата расположлива механизација, булдожер и камиони, за пробивање на патот кон село Герман, регионален пат што поради големиот снег и до еден метар на места, како и наносите од метар и половина, беше исклучително тешко да се расчисти. Сепак, денес, на задоволство на жителите на селото, расчистено е сѐ до сред село. Дечињата од утре може да продолжат со редовна настава, а и жителите на Герман да може да ги завршат неопходните потреби, изјави Боби Димитровски, раководител на секцијата на ЈП за одржување магистрални и регионални патишта, Крива Паланка.

Селото Герман е оддалечено околу 20 километри од Ранковце и има околу четириесет домаќинства.
Кривопаланечкото село Дренак е се уште отсечено.