понеделник, 25. декември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Проеска: Градоначалникот освен гол популизам нема реализирано ниту еден проект, ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати сјајот на убавото Крушево

Проеска: Градоначалникот освен гол популизам нема реализирано ниту еден проект, ВМРО-ДПМНЕ ќе го врати сјајот на убавото Крушево

За Општина Крушево,СДСМ и Зоран Заев повторно го кандидираат за градоначалник актуелниот Томе Христоски ,ова претставува потценување на интелегенцијата на нашите сограѓани бидејки повторносе нуди за татко на градот еден класичен неработник кој освен што успешно го реализира проектот за гол популизам, нема реализирано а ниту започнато ни еден од петте носечки проекти од предизборната програма, истакна на денешната прес-конференција Билјана Проеска, претседател на ОК Крушево на ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Проеска:

Со овој потег СДСМ ги понижува нашите сограѓани и по кој знае кој пат, поддржува насилство,заканувачки принцип на работа,уцена, расипништво и локално шерифување.СДСМ и Томе Христоски во изминативе четиригодини не реализира ни една од ветените инвестиции во индустриската зона ОПАЛЕНИК.се нема отворено ниедна нова ниту странска ниту домашна ивестиција,туку има затворање на постојната 5 LETERS или познатата Фабрика за марихуана.Единствена фабрика што функционира во Крушево е фабриката Секе која е отворена во време на Вмро-Дпмне.Исто така, ништо нема од фамозната обиколница во Крушево, ниту од реконструкцијата на локалниот пат Врбоец-Свето Митрани, а уште помалку од реконструкцијата на регионалниот пат Кривогаштани-Крушево и Крушево-Демир Хисар.Патиштата во селата Врбоец, СВ.Митрани и Бучин се со кратерски дупки, а во предизборната програма на Томе Христоски во 2017 година, реконтрукцијата на овие патишта беше еден од носечките проекти.И сега додека го дршам овој прес во СВ. Митрани и Врбоец нема вода, ситуацијата е очајна, 40 и 4 дена без вода.

Денеска и Крушево е без вода, а градот е полн со туристи.Водоснабдувањето и вештачките акумулации исто така му беа ударна тупаница во предизборната програма на Томе Христоски.Почитувани сограѓани, овој човек не може да ни обезбеди ни вода за пиеање, а да не зборуваме за развој и иднина на Општината.Ветениот проект за подобрување на водоснабдувањето во Крушево не е реализиран,ниту пак има реконструкција на постојни вештачки акумулации или изградба на нови. Во делот на образование и култура, беа ветени реконструкција и санација на подрачните училишта во Алданци, Саждево,Норово и Белушино.Санитарните јазли се нефункционални, нема пристапни патеки,ниту било какво партерно уредување.Единствено житечите со донацииод свои сограѓани наредиле патеки со бекатон плочки а Томе си го препиша како свој проеки. За жал ниедна културна манифестација,ниеден музички фестивал, освен укинувањето на најпознатата манифестација Етно град.

Младите луѓе во Крушево ги нема , се иселија.За носечката движечка сила во нашата општина нема работни места.Слободните и примамливи работни места се доделени на фамилијата на Томе Христоски.Крушево Ее град на непотизмот, и не можи општината да функционира и напредува со градоначалник кој има високо ниво на криминал и работи врз принципот на закани и уцени.Мора да постои политичка волја кај кандидатот Томе Христоски, пред да ја бара по втор пат довербата на народот,да ги остави граѓаните сами да одлучуваат за кого би гласале без закани по работното место,без мобилизирање на сите видови инспекции и основно и најважно без поткуп на гласови.Крушевчани се горд народ, чесен и трудољубив, народ кој е свесен за лагите и манупулациите во четири годишното владеење на Томе Христоски. И секој обид за повторно купување гласови ќе биде удар врз демократското право за секој еден жител во Крушево.

Вмро Дпмне ќе понуди програма која ќе биде реално остварлива во интерес на граѓаните и нивните потреби, ќе понуди инвестиции со отварање на нови работни места, ќе го врати сјајот на убавото Крушево и нема да дозволи поделба на населението и граѓаните по било која основа.Секој еден независно од вера пол и политичко убедување ќе биде битен и важен за градењето на една поубава општина.Вмро Дпмне е партија за сите луѓе во Крушево, рече Проеска.