ЈПКД „Турија“, Василево, денес во населеното место Пиперево, го чистеше игралиштето во центарот на селото и просторот околу него.
„Како што веќе најавивме, комуналното претпријатие во соработка со општината спроведува акција на пролетно чистење низ населените места. Денес екипи на ЈПКД „Турија“ го чистеа просторот во и околу игралиштето во с. Пиперево, по што активноста продолжува и на просторот на главната улица и тротоарот“, информираше градоначалникот на општина Василево Славе Андонов за тековната комунална активност на пролетно чистење
Како што е планирано, тротоарите и просторот покрај нив се ослободуваат од тревите и земјата која се наталожила во изминатиот период, а паралелно се собира и расфрланиот комунален отпад.
Активноста на пролетно чистење ќе продолжи и во наредните денови.