понеделник, 15. април 2024. Вести денес: 0
home Општини

Прво адултно прскање против возрасни комарци во гевгелиско

Прво адултно прскање против возрасни комарци во гевгелиско

Во општините Гевгелија, Богданци, Дојран и Валандово, според одлуката на Советот за развој на Југоисточниот плански регион, денеска почнувајќи од 20 часот до 4 часот следното утро,ќе се изврши првото адултно прскање по земјен пат против возрасни комарци, доколку дозволат временските прилики.

Од локалните самоуправи, апелираа ообено до сопствениците на пчели, во најавениот интервал за прскање да ги преземат сите неопходни мерки за заштита на пчелните семејства, односно да ги држат затворени во кошниците до завршување на операцијата.

Активноста која се изведува во соработка со ПЕ на Центарот за јавно здравје од Гевгелија, се презема за поголема ефикасност во заштитата на граѓаните од комарци во овој дел од југоистокот на земјава.

До сега на териториите на споменативе општини, во рана фаза беа извршени две ларвицидни прскања против комарци, а по денешното се предвидени уште две адултни прскања против возрасни комарци во наредниот период.