Пуштен е во функција системот за наводнување на дворните површини во Неготино, информираше попладнево неготинскиот градоначалник, потсетувајќи дека овој систем вообичаено секоја година стартува со работа во овој период од годината, кога со потоплото време, започнува и поголемата потреба од вода за полевање на дворните површини.
– Станува збор за технолошка вода, што жителите на општината Неготино треба да ја користат, за да се заштеди на водата за пиење, за да ја има во доволни количини за сите и во секое време. Апелираме и потсетуваме да се проверат вентилите и излевните места. Во случај на дефект, неготинци може да се јават во просториите на Ј.П.Комуналец Неготино, на телефон и да пријават на веб страницата, појасни градоначалникот.
Тој нагласи дека системот за технолошка вода е богатство што други општини го немаат и апелираше на рационално трошење на водата за пиење.