вторник, 7. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Работни активности на мостот кај безистенот

Работни активности на мостот кај безистенот

РАБОТНИ АКТИВНОСТИ НА МОСТOT КАЈ БЕЗИСТЕНОТ

Од денес, изведувачот на изработката на техничката документација и реконструкцијата на Мостот кај Безистенот е воведен во работа. Како прва фаза од предметните работи е изработката на проектната документација, во која е предвидено и пескарење на челичната конструкција. Подготвителните активности се веќе отпочнати, а со пескарење ќе се започне во понеделник.

После изработката на техничката документација, ќе следува обезбедување на одобрение за реконструкција од Министерството за транспорт и врски, со цел отпочнување на градежните активности, објавија на Фејсбук од општина Битола.