сабота, 20. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Ристески: Имам план, имам програма со проекти за поубава општина Македонски Брод

Ристески: Имам план, имам програма со проекти за поубава општина Македонски Брод

Почитувани мои сограѓани. Македонски Брод е мала општина во срцето на нашата Македонија, но гледано години наназад секогаш била занемарувана од властите, било од државна или локална власт, рече во своето видео обраќање кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на општина Македонски Брод, Жарко Ристески.

-Сметам дека јас како кандидат за градоначалник за Македонски Брод заедно со мојот тим ќе успееме конечно да го уредиме нашиот град и да го направиме Македонски Брод едно поубаво место за живеење за сите граѓани и сите генерации. Македонски Брод е мојата и нашата општина во која живееме и треба со неа да се гордееме бидејќи таа е нашиот дом, но домот заслужува многу посветеност, искреност, чесност и домаќинско работење, истакна Ристески.

Имаме план, имаме програма со проекти, имаме визија во каков Македонски Брод сакаме сите заедно да живееме, порача Ристески.