Денес во кабинетот на градоначалникот на нашата општина, Жарко Ристески, во работна посета беше господин Миле Бошков, претседател на Бизнис Конфедерацијата на Македонија.
На средбата беше разговарано за активна соработка на Општина Македонски Брод со Бизнис Конфедерацијата на Македонија во насока на поддршка и развој на бизнис секторот во општината, преку концептот за одговорно водење бизнис, поттикнување на одржливост на економијата и долгорочен развој на микро, малите, средни и големи претпријатија.