четврток, 9. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Ристески во посета на село Црешнево каде се одвиваат градежни активности на централната улица

Ристески во посета на село Црешнево каде се одвиваат градежни активности на централната улица

Градоначалникот на Македонски Брод, Жарко Ристески денеска беше во работна посета на село Црешнево, каде веќе се одвиваат интензивни градежни активности за модернизација на централната улица во ова населено место и нејзино поплочување со бекатон плочки.

– Од страна на изведувачот бев известен дека градежните работи се изведуваат со утврдената динамика и ова населено место ќе добие комплетно нова патна инфраструктура, напиша Ристески во својата Фејсбук објава.