Чест ми е да застанам пред вас денес, после изминатите два месеци од изборната кампања, од кои што еден месец ни беше припрема, а едниот ни беше интензивна кампања, мислам дека успеавме во овој месец дена да ви ја предложам програмата која што имам намера да ја реализирам во Радовиш со сите оние проекти кои што беа презентирани, изјави денеска за медиумите, Ацо Ристов, кандидат за градоначалник на општина Радовиш.
Тој се заблагодари за големата поддршка во првиот круг, и посочи дека жителите на Радовиш се луѓе кои што нема да дозволат да им биде купена иднината, туку дека сами ќе си ја изградат заедно со него.
– Затоа ве повикувам на 31-ви октомври да излезете масовно, бидејќи давајќи го вашиот глас вие ќе помогнете во процесот кој што веќе е почнат. Процесот е почнат затоа што ние веќе имаме мнозинство во Советот, советничката група гарантира дека сите проекти кои што сме ги понудиле, кои што јас лично ќе ги реализирам, Советот на Општината и градот имаат отворен пат за реализација. Се надевам и дека тоа ќе биде дополнителен поттик кој што граѓаните ќе ги мотивира да излезат и да си го дадат својот глас за својот град. Радовиш да остане на радовишани, да си го вратиме достоинството, истакна Ристов.
Тој ги повикува уште еднаш жителите на Радовиш да гласаат за бројот 7, за Ацо Ристов, за градоначалник на Радовиш.