Опремување на Мултифункциониот објект во село Могила, проект кој опфаќа доизградба со внатрешно уредување и опремување на повеќе функционален простор со цел обезбедување на услуги за жителите. Ќе се основа нова библиотека во Могила која ќе се користи и за работилници на најразлични теми , вклучувајќи ги младите и возрасните, објави на социјалната мрежа на Фејсбук Драганчо Саботковски градоначалник на општина Могила.
Планиран е изложбен простор, опрема за делот во кој се предвидуваат венчавки и канцеларија за соработка со невладиниот сектор, со што ќе се отвори можноста за волонтирање и размена на искуства со невладиниот сектор од регионот и пошироко.
Со активностите кои ќе ги понуди Повеќенаменскиот Центар ќе бидат подобрени услугите кон жителите, образование, пристапност, еднакви можности и вклучување на најранливите категории граѓани во општествените текови и нивна социјализација и активација, пишува во својата објава Саботковски.