На мој предлог како градоначалник и со одлука на Советот на општина Могила обезбедивме финансиска помош од 3000 денари и пакет училишен прибор за секое прваче во општина Могила, објави на социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Могила Драганчо Саботковски.
Овој проект, има за цел да им овозможи финансискa помош на сите семејства кои годинава имаат прваче, воедно ќе обезбедиме помош и прибор за сите деца чии родители се приматели на социјална помош и за сите деца со попреченост кои учат во основните училишта во нашата општина.
Обезбедување поквалитетно образование за сите деца е еден од нашите приоритети, пишува Саботковски во својата објава.