вторник, 28. ноември 2023. Вести денес: 0
home Општини

Саботковски: Завршува времето на недомаќинско работење во Могила, доаѓа време на реални проекти за потребите на граѓаните и отворање на работни места

Саботковски: Завршува времето на недомаќинско работење во Могила, доаѓа време на реални проекти за потребите на граѓаните и отворање на работни места

Избројани се деновите на првиот и последен мандат на градоначалничката Јасмина Гулевска во Општина Могила. Гулевска ветуваше живот за сите во Могила, но четиригодишниот мандат го искористи за лична корист заборавајќи ги граѓаните, истакна на денешната прес-конференција Драганчо Саботковски од ВМРО-ДПМНЕ.

Во продолжение интегрален текст и видео од прес-конференцијата на Саботковски:

Не успеа да реализира ниту еден капитален проект кој го ветуваше во нејзината програма. Индустриската зона „Петилеп“, градинка во Могила, старски дом, сточен пазар, спортска сала во Алинци, преработувачки капацитет во Добродушево, нула проценти изграденост.

Овој пат предизборните лажни ветувања за спас на градоначалничката фотелја нема да и поминат. Паниката од пораз е повеќе од очигледна, ветува работи кои не може да ги исполни. Десетици илјади евра од буџетот на општината завршуваат во кафеани и ланч барови, наместо во проекти за поубава Могила.

Се ближи крајот на неспособноста и недомаќинското работење со парите на граѓаните. Време е за реална програма, креирање на идеите и потребите на моите сограѓани.

Во соработка со локалните граѓански организации и бизнис заедницата ќе создадеме нови работни места и индустриската зона „Петилеп“ конечно ќе профункционира.

Проблемите кои ги создаде оваа власт во земјоделството се понижувачки за земјоделците, затоа оваа власт што побргу да си оди.

Ќе субвенционираме и помагаме отворање на локални преработувачки капацитети за своето земјоделско производство, жителите да го пласираат како финален производ. Јас ја гледам Општина Могила со подобрена инфраструктура во целост, изградени и реконструирани локални патишта, канализациона мрежа, решен проблем со водоснабдувањето и честите прекини на електрична енергија. Уредување на училишните дворови, уредени паркови со детски катчиња и теретани од отворен тип, повеќе наменски спортски игралишта во повеќе населени места, се дел од програмата што ќе ја понудиме на локалните избори која ќе биде отворена да се надополнува согласно потребите на вас, граѓаните.

Ќе бидам достапен за прифаќање на сите корисни идеи, мислења, сугестии за пофункционална Општина Могила.

Како родител, ја согледувам потребата од изградба на градинка во село Могила и отворање на центри за ран детски развој во поголемите населени места. Покрај образовната улога, важна е социјализацијата на децата.

Потребна е услужна општина и дигитализација на услугите кои ги нуди општината. Парите од буџетот што ги трошат по кафеани и за личен комфорт, ќе ги вратиме кај граѓаните во проекти и идеи предложени од граѓаните. Ваши пари, ваш проект.

Ќе субвенционираме со одреден процент енергетско ефикасни инвестиции во домаќинствата, како што се термо фасади, инвертер клими, печки на пелети и соларни панели.

Грижата за младите, развојот на спортот и културата се мој предизвик. Младинскиот активизам ќе биде видлив, младите ќе бидат вклучени во работењето на Општина Могила, секоја идеја и иницијатива од младите ќе биде поддржана.

Целосна финансиска поддршка за сите спортски клубови, организации и спортски настани. Постоечките културни манифестации ќе ги надоградиме и рашириме.

Верувам во моите сограѓани, заедно ќе донесеме победа и промени за поубава Општина Могила!

Потребите на народот секогаш ќе бидат мој поттик и приоритет.