четврток, 18. јануари 2024. Вести денес: 0
home Општини

Само во Тетово за четири часа санкционирани 34 возачи за пребрзо возење

Само во Тетово за четири часа санкционирани 34 возачи за пребрзо возење

Денеска (30.06.) во периодот од 07 до 11 часот на подрачјето на СВР Тетово спроведена e засилена акциска контрола за санкционирање на возачи кои управуваaт возило со брзина поголема од пропишаната, при што санкционирани се 34 возачи, од кои 21 на територија на Тетово, а 13 на територија на Гостивар.

23 возачи возеле со брзина од над 50 километри на час над пропишаната, а двајца за дури над 70 километри на час над дозволената.

– Засилените сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта, велат од МВР.