Градоначалникот на Гевгелија Андон Сарамандов преку видео обраќање кое ви го пренесуваме интегрално во целост:
-Годината која изминува, покрај бројните предизвици, ќе остане запаметена и по определбата на мнозинството граѓани за промени.
Наша обврска и одговорност е да излеземе во пресрет на барањата на сите граѓани и да го подобриме квалитетот на услугите и условите за живеење. Тоа ќе го постигнеме со многу работа, отчетност и транспарентност. Секој предлог, кој може да помогне и е во интерес на граѓаните, е добредојден.
Претстојната 2022 година не очекува реализација на неколку капитални зафати во комуналната и патната инфраструктура.
Енергетската криза наложи заштедата на електрична енергија да биде наша приоритетна задача. Затоа, веќе започнавме со примена на неколку пакет мерки кои сметаме дека значително ќе дадат придонес.
Покрај ова, ќе обезбедиме услови за отпочнување со работа на Времената депонија кај Ново Конско. Доградба на детската градинка „Сончогледи“ и доизградба на последната делница од патот за Ума. Во 2022 година почнува изградбата на атмосферска канализација во Гевгелија и нови водонсабдителни системи во Богородица, Негорци и Прдејци. Рeконструкцијата на спортската сала „Партизан“ во Гевгелија и други проекти за подобрување на условите за живот и на урбаниот лик на општината.
Посебно ќе работиме за поголема искористеност на компаративните предности на поднебјето за развој на туризмот. Да се избориме и да обезбедиме – Општина Гевгелија повторно да биде најперспективното место за живеење. Зеднички можеме да направиме Гевгелија и општината да бидат подобри за сите нас. Да ја вратиме вербата на граѓаните и да ги убедиме младите да не заминуваат.
Почитувани,
Ви посакувам добро здравје и благосостојба.
Ви посакувам претстојните празнични денови да ги поминете во пријатна атмосфера и радост.
Ви посакувам успешна и подобра -Нова 2022 година!
Ви посакувам со мир и почитување да го прославите Христовото раѓање – Божик!
Честита Нова година и Честит Божик!, вели во неговото обраќање.